-->
-->
Тешка сообраќајка на патот Скопје-Велес, има мртви и повредени
-->
Вчера попладнето, околу 18:44 часот на автопатот Скопје – Велес, пред Катланово, патничко возило „Фиат Пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот С.Т. од Скопје, изгубило котрола и излетало од патот.
Сопатници во возилото биле М.Т. (25), Ф.Ј. (18) и К.К. (25), сите од Скопје.
Притоа, со повреди се здобил М.Т., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, но по пат кон болницата им подлегнал на повредите. Од страна на дежурен лекар во 19:30 часот е констатирана смрт.
Со тешки телесни повреди се здобил К.К., а со телесни повреди - Ф.Ј. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Извештајот на Вајц утре пред европратениците, Скопје очекува силна порака за македонскиот идентитет и јазик
-
Исплатени над 9 милијарди денари за земјоделците
-
Американските демократи со критики за Трамп: Со наредбата за напад врз Иран го прекрши Уставот на САД
-
Седници на седум собраниски комисии
-
Нетанјаху: Израел е блиску до остварување на своите цели во Иран
-
Отчет за сработеното во првата година на Владата
-
Трамп: Доколку режимот не може повторно да го направи Иран голем, зошто да не биде сменет
-
Сончево и топло, следува период на значителен пораст на температурите