Џонсон: Ако Трамп ја реши кризата со Иран и со Северна Кореја заслужува Нобелова награда за мир
Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп ја заслужува Нобеловата награда за мир ако успее да го реши проблемот со Иран и на Корејскиот Полуостров.
- Ако Трамп може да ја реши кризата поврзана со Северна Кореја и нуклеарниот договор со Иран, не гледам зошто тој би бил помалку кандидат за Нобеловата награда за мир од (поранешниот претседател на САД) Барак Обама, изјави Џонсон за „Скај њуз“.
Џонсон вчера ја почна дводневната посета на САД во обид да ја убеди администрацијата на Трамп да не излегува од Договорот со Техеран.
Тој во авторски текст за „Њујорк тајмс“ упати апел до Трамп да не ги повлекува САД од Договорот за иранската нуклеарна програма.
- Тој има слаби точки, секако, но убеден сум дека можат да бидат поправени, напиша Џонсон во авторски текст за „Њујорк тајмс“.
Предвидено е Џонсон да се сретне со американскиот потпретседател Мајк Пенс и со советникот за национална безбедност Џон Болтон, а не е планирана средба со Трамп.
- Ќе биде грешка да се напушти Договорот за нуклеарната програма и да се отстранат ограничувањата за Иран, наведе Џонсон.
И германската канцеларка и францускиот претседател, Ангела Меркел и Емануел Макрон исто така апелираа Трамп да не се повлекува од Договорот со Иран.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи