Македонија
6. May 2018 - 8:49

Анѓушев во посета на компаниите Албатрос и Актива во Штип

 Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев денеска ќе престојува во работна посета на Штип.
 
Како што соопшти неговиот Кабинет, Анѓушев најпрво ќе ја посети текстилната компанија „Албатрос“ во Штип кадешто ќе оствари средба со менаџментот на компанијата, а потоа ќе има средба и со менаџментот на компанијата „Актива“, во нивниот производствен капацитет.