Чувствувате болка во зглобовите и вкочанетост на прстите – што значи тоа и како да си помогнете
Вкочанетост, трпнење, „мртва рака”, неосетливост во стапалата … како сакате наречете го, ова чувство ни е познато на сите. Стапалата, дланките, рацете и нозете се деловите на телото кои најчесто „заспиваат”, особено ноќе додека сме во лежечка состојба и спиеме. Но, зошто ни се случува ова?
Ова чудно чувство е всушност сосема нормална реакција на телото, велат експертите. Ова значи дека нервите укажуваат на тоа дека морате да ја смените неудобната положба.
„Притисокот ги изложува нервите на стрес”, вели германскиот невролог Катрин Хан од универзитетската болница Чарите во Берлин. Ако сте здрави, вкочанетоста не треба да ве загрижува. Напротив, тоа е знак дека вашите витални функции се сосема во ред, додава таа.
Трпнењето, исто така, има превентивна улога, бидејќи ве потсетува да се вратите во удобна положба.
„Доколку нервите не би го испраќале овој сигнал, може да дојде до трајно оштетување”, вели д-р Хан.
Ако почувствувате трпнење, едноставно „разбудете” ја раката или ногата со тоа што ќе заземете удобна положба. Не треба да ги тресете, враќањето во нормална положба ќе биде сосема доволно.
„Ако нервот привремено изгубил чувство, не се грижете. Чувството во раката или ногата ќе се врати многу брзо, обично во рок од неколку минути”, додава таа.
Меѓутоа, ако не се врати дури и по неколку часа, побарајте медицинска помош. Треба да одите кај лекар дури и ако нема очигледна причина за вкочанетост или трпнење на екстремитетите, предупредуваат експертите.
Ново на Сител
-
И официјално е потврдено: Мицкоски и новинари биле следени, СДС на Филипче направил груб упад на системот, велат од ВМРО-ДПМНЕ
-
Проширувањето во фокус на средбата на министрите за европски прашања на членките на ЕУ и на кандидатите за членство
-
Два активни пожара, три ставени под контрола
-
Путин ги пофали „невидените“ врски со Кина на почетокот на разговорите со Си
-
Над илјада загинати по катастрофалниот земјотрес во Авганистан
-
Номинален раст, а реален пад во трговијата со храна, пијалаци и тутун
-
Во Нови Сад шок бомби и нереди на комеморацијата за одбележување 10 месеци од трагедијата на железничката станица
-
Сончево со мала до умерена локална облачност, максималната температура до 37 степени