Лагите на опозициските медиуми предизвикаа потсмев и кај дипломатскиот кор
Медиумите на опозицијата вистински ги насмеале претставниците на дипломатскиот кор. Според информациите, дел од дипломатите се шегувале на сметка на медиумите на Заев кажувајќи вицеви за тоа што ќе биде „ексклузивната“ вест која тие ќе ја објават по вечерашната средба на премиерот Груевски со амбасадорите во Владата, пишува порталот Пресс 24.
„Ексклузивната“ вест на медиумите на СДСМ беше „информацијата“ дека се вршел притисок врз премиерот Груевски и дека амбасадорите вечерва ќе испорачале „последно предупредување. Сепак, по средбата тие излегоа со конструктивна изјава во која нема ниту еден збор од најавите на медиумите кои се уредуваат на Бихаќка.
-Бевме тука да го изразиме нашиот став до Владата, и нашите гледишта, немам посебна изјава вечерва, само ја изразивме пораката за ургентноста да се најде решение. Ви благодарам, ќе ве информираме во иднина, во зависност од средбата на лидерите - рече амбасадорот на Италија, Ернесто Белели.
Но, овој начин на известување кој во последните месеци го практикуваат медиумите на СДСМ воопшто не е изненадување, особено ако се има предвид дека се обидоа да ја излажат јавноста при посетата на Заев на Израел како и пред средбата на премиерот Груевски со Јункер.
Граѓаните на социјалните мрежи не можат да се изначудат на срамниот и недостоинствен однос на новинарите на СДСМ кои наместо кон вистината и народот се свртени кон лагите и понижувачките додворувања по секоја цена кога на странците најмалку им треба.
Ново на Сител
-
Почнува судењето на францускиот хирург обвинет за силување на стотици деца под анестезија
-
Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино
-
Намален бројот на работници во индустријата
-
Историски максимум на цената на кафето арабика на берзите
-
МОН: Јаневска на самит во Будимпешта, ќе се продлабочува соработката помеѓу Западен Балкан и Унгарија
-
Георгиев: Годинава нема заедничко чествување на Гоце Делчев
-
Околу 600 вработени во централата на УСАИД во Вашингтон добија забрана за влез во Агенцијата откако Маск најави нејзино затворање
-
Во средните училишта се спроведува проект за популаризација на воената професија