-->
-->
Цеца до сега никогаш не зборувала вака за Аркан: Го изгуби Жељко пред 18 години, еве како го памети таа
-->

Сепак, не дозволила тоа да ја скрши и продолжила да се бори за своите деца, а на 18 години после нејзината смрт пејачката не заборавила што преставувал нејзиниот сопруг за неа.
- Пред десетина години знаев дека децата ми се во соба, дека рано одат на спиење и тогаш бев најмирна, но сега тие се големи, имаат свои потреби, планови и го организираат својот живот, што е сосема нормално. Јас на 20 години го запознав својот сопруг, а на 22 се омажив. Мене ми е незамисливо да помислам сега тие да стапат во брак, а тоа се тие години. Сега ги разбирам моите родители, кои беа шокирани со мојата одлука за млада да се омажам. Мене тогаш ми беше целосно Ок, бидејќи смртно се заљубив и моите родители ја почитуваа мојата одлука. Ниеден момент не се покајав заради таа одлука бидејќи имав партнер кој секогаш ми даваше ветер во грбот. Тогаш практично бев клинка, но имав покрај себе некој кој ми беше се. Жељко мене ми беше партнер , пријатели, советник... Имав среќа да одберам живото кој знаеше да ме обликува. Да одберете за сопруг некој кој има доста животно искуство, тоа поубаво и тоа е лотарија. Како што е лотарија и луѓето кои би бирате околу себе кои ќе ви бодат пријатели, рекла таа.
Иако сама ги одгледала своите деца, горда е на тоа што израснала две добри деца, но пејачката признава дека знае и понекогаш да ги казнува.
- Доволно сум отворена за да им бидам поддршка на своите деца, бидејќи и грешките се за луѓе. Го поддржувам тоа дека луѓето од грешките учат, но тие грешки не смеат да имаат континуитет, бидејќи паметниот човек учи од тужи грешки, а глуп на свои. Сепак, сите мораме да го искусиме и она добро и она лошо за да формираме правилно мислење. Јас како родител немам магично стапче и не можам да ги заштитам од се. Мораат и самите да создреат. Нормално дека ги казнувам моите деца. Каде е казната таму е и наградата. Така израснав и јас и ништо не ми фали, искрена била пејачката.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Баро: Путин е пречка за мирот, потребни се нови санкции против Русија
-
Баерн подготвува емотивно збогување со ветеранот Милер
-
Путин и Трамп разменија честитки по повод 80-годишнината од победата над нацистичка Германија
-
Во Москва средба Вучиќ - Си Џинпинг
-
Бискупот Стојанов упати честитки до папата Лав Четиринаесетти
-
Потребна е итна санација на патот во Галичник
-
Затворени пет бензински пумпи во Солун и во Атина поради измами со гориво
-
В недела посебен режим на сообраќај во Скопје