ВМРО ДПМНЕ: Јавниот долг надмина 5, а државниот 4 милијарди евра

Државниот долг во првиот квартал од годинава се зголемил за 0,3 процентни поени, а јавниот се намалил за 0,3 поени, соопшти МФ. Сега, државниот долг изнесува 39,7% од Бруто домашниот производ (БДП), додека јавниот долг изнесува 47,2% од БДП.
На бројките реагираа од вмро дпмне. Од таму велат дека задолжувањето ги урна психолошките граници за помалку од една година од владеењето на економското цунами наречено влада на Заев. Државата тоне во долгови, а капитални инвестиции нема. За прв пат во историјата на Република Македонија јавниот долг скокна над 5 милијарди евра, а државниот над 4 милијарди евра.
Ги задолжуваат граѓаните за да си обезбедат пари за расипничкото однесување и тендерите кои си ги делат меѓу себе. Корупцијата цвета, картелот се богати, а пари за повисоки пензии и плати нема.
Сите во државата страдаат од неспособноста и незнаењето на оваа влада, освен фирмите на Заеви и Анѓушев кои метастазираат како канцер во македонската економија. Животот за нив можеби е дојден, ама не и за македонските граѓани, кои поради оваа неодговорна власт на СДСМ се натоварени со рекорден државен и рекорден јавен долг, стои во соопштението од опозициската партија.
Ново на Сител
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
