Свет
27. April 2018 - 15:09

Шокантно откритие на сириската војска: Не можеа да веруваат што оставија терористите под земја

Сириската армија откри огромна мрежа на тунели кои во Дума ги граделе терористите.

На длабочина од 15 метри под земја, се наоѓаат џиновски тунели кои се потпрени со метални столбови и плочи. Низ нив без проблем минуваат дури и возила.

Тунелите се протегнуваа со километри под градот кој се наоѓа во областа источна Гута. Ова е буквално град под градот. Низ тунелите е спроведена струја, а постојат и паркинзи и работилници.

Доволно се големи низ нив да се помине со комбе, како што се гледа на снимките на РТ. Војската откри дека терористите ги користеле овие тунели за скривање на машините и возила кои биле користени во текот на окупацијата.

Тие ги принудувале мештаните да градат тунели, а оние кои одбивале да работата, ги мачеле и изгладнувале.

„Не малтретираа и нас и не им даваа храна на оние кои не сакаа да работат“, раскажа еден од мештаните.

Руската војска соопшти дека во Дума открила и хемиска лабораторија која ја користеле терористите.