Османи: Македонија доби позитивен извештај со чиста и безусловна препорака
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи во своето неделно видео обраќање на социјалната мрежа „Фејсбук“ оценува дека Македонија доби исклучително позитивен извештај од Европската комисија со чиста и безусловна препорака.
Како три клучни позиции што ја отсликуваат суштината на Извештајот, вицепремиерот Османи ги посочува политичките критериуми, подготвеноста за членство според економските критериуми и имплементацијата на т.н. АКИ.
- Прво, политичките критериуми. Македонија во споредба со останатите земји од Западниот Балкан оствари најголем напредок, што директно ја рефлектира успешната имплементација на Планот 3-6-9, особено квалитетот на имплементацијата на реформите во една транспарентна и инклузивна постапка. Второ, стабилизирањето на политичката криза покажува добри резултати и во останатите области. На пример, во споредба со регионот, Македонија има добиено највисока оценка и за подготвеноста за членство според економските критериуми. Тоа значи дека нашата индустрија, нашите услуги, нашите производи се приближуваат до стандардите со кои ќе станат конкурентни на европскиот пазар, вели Османи.
Според него, многу важен податок кој Европската комисија го потврдила во Извештајот е и фактот што Македонија во имплеметацијата на т.н. АКИ (aquis) или од аспект на усогласеноста на законодавството и институциите со оние на Европската Унија, е рамо до рамо со Србија и Црна Гора, кои веќе подолго време се во фаза на преговори.
Овој податок, вели Османи, покажува дека доколку добиеме шанса за преговори и притоа испорачаме резултати, имаме подеднаква шанса за 2025 година.
Ново на Сител
-
Обид за атентат врз словачкиот премиер по состанок на Владата
-
Нетанјаху ја отфрли Резолуцијата на ОН за поддршка на признавањето на палестинската држава
-
Часовници на Шумахер продадени на аукција за 4,1 милион евра
-
Намалени производството и продажбата на шумски производи
-
Тинејџерка со автомобил излетала од патот, тешко повредена сопатничката
-
За 216,2 отсто зголемени откупот и продажбата на земјоделски производи
-
Закани кон претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска, пријавено во МВР
-
Совет на Европа: Македонските затвори се почисти, но во нив и натаму има корупција и лош третаман