Акција за чистење на Козјак по повод Денот на планетата Земја

Акција за чистење на езерото Козјак се спроведува денеска по повод Денот на планетата Земја, во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, здружението „Гоу Грин“ и фондацијата „ЦНВП Македонија”.
Во акцијата најавено е дека ќе се вклучи и заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.
Кон акцијата се приклучија и Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, Агенцијата за млади и спорт, општина Македонски Брод со комуналното претпријатие, ЈП „Јасен“, Асоцијацијата на колективни постапувачи со отпад, Црвниот крст на Македонија, кајакари, нуркачи, планинари, граѓански здруженија и претставници од дипломатскиот кор.
Организаторите ги повикуваа сите љубители на чистата животна средина да се приклучат кон оваа еколошка акција, да поминат еден ден во природа покрај езерото во исто време давајќи придонес кон чистотата и убавината на неговата околина.
- Нашата цел е да се намали отпадот кој се наоѓа на несоодветни места во околината, да се развие свест кај граѓаните за правилно управување со отпадот и да развијат механизми за поддршка на граѓаните, општините и другите засегнати групи за подобро да се справат со неорганизираното и незаконско фрлање отпад во нивните заедници, појаснуваат организаторите.
Денешната акција е дел од Националната акција за чистење на отпадот на целата територија на Македонија чија втора фаза ќе се спроведе во септември.
Овие активности се дел од глобалната акција - Let’s do it! World Cleanup 2018. Акцијата е официјално поддржана од Европскиот Парламент и во неа учествуваат над стотина земји во светот.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
