ВМРО-ДПМНЕ: Македонија под власт на СДСМ е на дното на Европа по економски раст и корупција

Граѓаните осиромашуваат и едвај врзуваат крај со крај во месецот, а Република Македонија тоне во корупција. Инвеститорите бегаат во регионот и ја заобиколуваат земјава. Македонија под власт на СДСМ е на дното на Европа по економски раст и корупција, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата истакнуваат дека економијата стагнира, кога на целиот континент е во пораст. Цените се качуваат, а стандардот на граѓаните е во пад.
– Граѓаните живеат полошо од пред една година. Граѓаните на своја кожа ја чувствуваат неспособноста на СДСМ да менаџира со економијата. Економското цунами Заев – Тевдовски – Анѓушев, ја урнисаа македонската економија. 0% раст на БДП во 2017 година, 20% пад на градежништвото. Состојбата е катастрофална. Условите во сите сегменти на економијата се лоши. Земјоделците, производители на раноградинарски култури се соочуваат со историски најниски откупни цени, произведеното наместо на пазарите завршува на депониите. Состојбата никогаш не била полоша, се наведува во соопштението од партијата.
Додека Република Македонија економски тоне и граѓаните се повеќе се соочуваат со немаштија, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ се обидува да ја дефокусира јавноста со креирани политички случаи.
-Десетина патриоти се жртви на политиките на СДСМ за дефокусирање на јавноста од реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните секојдневно. Обвинението за тероризам е целосно неосновано и надвор од секоја правна логика. Истото ги покажува двојните стандарди и лицемерието на власта, која од затвор ослободува веќе осудени за убиство, а по притвори неосновано и со законско прекршување влече граѓани чија единствена единствена „вина“ е што се политички неистомисленици на Зоран Заев. Правниот систем е деградиран. Граѓаните повеќе немаат верба во правната држава. Заев го уништи кредибилитетот на институциите. Граѓаните не се чувствуваат сигурно. Оваа ненародна власт само дополнително ја влошува состојбата. Оваа власт мора да си замине. Граѓаните заслужуваат подобро, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Трамп: Европа не е тоа што беше порано, да не бевме ние во Данска ќе се зборуваше германски и јапонски
-

Стојаноски: Со новиот Кривичен законик секој во државава ќе мора да ги почитува законите, а правдата ќе важи за сите
-

Сите државни патишта проодни и безбедни за сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење
-

Трамп со јасна порака во Давос: САД нема да употребат сила за да го преземат Гренланд
-

Тошковски: Во тест периодот на „Безбеден град“ девет жртви помалку од истиот период лани
-

Управниот одбор на АД ЕСМ именува времени координатори во РЕК Битола и РЕК Осломеј
-

Николоски: Апелирам до ЕУ, македонските превозници да бидат ослободени од новите правила за влез во Шенген зоната за да не трпиме економски штети
-

Собранието донесе неколку закони во рамките на 81. пленарна седница
