-->
-->
Јотовски експрес(но) го елиминура Турчинот Илхан
-->
Македонскиот тенисер Томислав Јотовски експресно ја мина првата пречка на фјучрсот во Анталија. Тој денеска го совлада Турчинот Марсел Илхан (303 на АТП листа) со 2-0 во сетови (6:1 и 6:2 во гемови) за 73 минути игра. Јотовски освои 60 поени, наспроти 36 на ривалот и воедно му се реваншираше за поразот во нивниот единствен меч одигран досега во рамките на Дејвис купот во 2011 година во Скопје. Јотовски оствари 6 брејка, додека на противникот освои два гема на сервис на нашиот тенисер.
Илхан е тенисер кој пред три сезони беше и на 77.место на АТП листата, а пред две сезони играше на Ролан Гарос. Илхан воедно е двоен освојувач на сребрен медал на Медитерански игри 2009 во Пескара и 2013 Мерсин.
Илхан е еден од најпознатите имиња против кој Јотовски има постигнато победа (како и Лајовиќ и Гофин претходно).
Другите македонски претставници на фјучрсот во Анталија иако имаа за ривали носители прикажаа доби игри, но загубија.
Горазд Србљак загуби од вториот носител Русинот Иван Неделко со 2-1 во сетови за 2 часа игра. Неделко поведе со 1-0 откако го доби сетот со 6:1 во гемови, а Србљак изедначи добивајќи го вториот сет со истиот резултат. Во решавачкиот сет беше 6:3 за Неделко.
Силен отпор на првата носителка Ипек Сојлу и пружи македонската тенисерка Магдалена Стоилковска. Таа го загуби првиот сет со 6:1 во гемови, а во вториот водеше со 5:4, но сепак Турчинката Сојлу направи пресврт и го доби сетот со 7:5.
Јотовски во второто ко0ло ќе игра против Давиде Галопини од Италија (572.место АТП листа). Нашиот тенисер има една победа во единствениот досега одигран меч.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг