-->
-->
Радичевиќ повикува полна сала за последниот натпревар на овој тим
-->
Ракометарките на ЖРК Вардар утре го играат реванш четвртфиналето од Лигата на шампионите против екипата на Митјиланд од Данска. На првиот дуел „црвено-црните“ постигнаа победа од 24:23, но во најголемиот дел од дуелот противникот имаше водство.
„Вардарки“ во овој состав утре ќе го играат и последниот натпревар на домашен терен во Лигата на шампионите, затоа посакуваат со победа да се разделат од навивачите и со петто учество на Ф4 турнирот во Будимпешта.
- Верувам дека публиката ќе ги исполни трибините и дека ќе има поддршка на овој натпревар. Сакаме на Ф4 турнирот да го направиме и оној последен чекор напред. Знаеме дека нема да биде лесно, но сакаме со победа да одиме во Будимпешта, изјави капитенот Јованка Радичевиќ, која на првиот дуел со лутина го одигра натпреварот особено во моментите кога ЖРК Вардар имаше негатива.
На пресот во неколку моменти и солзи се појавија во очите на Радичевиќ, која многу емотивно посака полни трибини на последниот домашен натпревар на овој тим на ЖРК Вардар во Лигата на шампионите.
Натпреварот ЖРК Вардар - Митјиланд се игра во сабота во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17 часот.
фото: www.zrkvardar.mk
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Рим средба Трамп – Зеленски
-
Трамп: Украина и Русија се пред историски договор
-
Прилепчанец возел со 1,80 промили алкохол во крвта и со активна забрана за управување возило
-
Приведен возач кој удри 87-годишен пешак во Скопје
-
Реафирмирани ставовите за деблокада на евроинтеграцискиот процес
-
Во Нови Сад протест на средношколци од Србија против онлајн настава
-
Претседателката Сиљановска-Давкова на погребот на Папата Франциск
-
Во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим ќе биде погребан папата Франциск