Ниту еден патнички авион на небото над Сирија
Ситуација во Сирија очигледно кулминира откако кон земјата се упатија воени бродови на американската, но и на руската морнарица. Повеќе светски медиуми денеска пишуваат за опасноста Сирија да биде теренот за нова пресметка помеѓу светските сили, а уште еден факт јасно говори за сериозноста на ситуацијата.
Од утрово на небото над Сирија не движи ниту еден патнички авион. На интерактивните светски страни кои го следат движењето на летовите, може да се забележи дека на сириското небо, а ниту во близина на границите на земјата, не минуваат леталата на авио – компаниите.
САД, Велика Британија и Франција се согласија дека ќе дејствуваат со заеднички сили и најверојатно се подготвуваат за напад. Британската премиерка Тереза Меј е подготвена да дозволи учество на британската војска во воена акција. Тие на ова се одлучија по наводниот хемискиот напад во саботата во сирискиот град Дума.
Последиците од евентуален американски напад врз Сирија можат да бидат катастрофални, бидејќи може да се вмеша и Русија, која е долгогодишен сојузник на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Ново на Сител
-
Трамп: Ќе се случи нешто во Украина, работите ќе се средат
-
Андоновски: Имаме капацитет за спроведување дигитален попис, во 2026-та ако бидеме подготвени
-
Скопје денеска со третата највисока температура во Европа – 41,7°C
-
Орбан: Да бараме од нашите семејства да плаќаат 3,5 пати повеќе за гас? Тоа не е лидерство, туку економско самоубиство
-
Путин: Русија ќе ги намали воените трошоци и е отворена за преговори со Украина
-
Рекордни температури и пожари на Балканот, се очекува разладување за викендот
-
Вицепремиерот Николоски учествува на Форум за министри за транспорт во Истанбул
-
Сиљановска-Давкова ги прими припадничките на Армијата кои успешно ја завршија обуката во САД