Формирано национално координативно тело за недискриминација

Националното координативно тело (НКТ) за следење на состојбите со недискриминација и реализацијата на законите, подзаконските акти и стратешки документи во оваа област ја одржа конститутивната седница.
Во својство на координатор, како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, се обрати министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која нагласи дека во работата на ова тело сечие мислење ќе биде ценето, а конструктивните критики кои ќе дадат придонес во унапредување на состојбите се добредојдени.
- Потребата од формирање на посебно тело за координација и следење на состојбите со недискриминација е пред се заради подигнување на транспаретноста во работењето на државните институции во оваа област, координација на активностите меѓу институциите и организациите (здруженија на граѓани и меѓународни организации), заедничко воспоставување на приоритети на годишно ниво во оваа област врз основа на меѓународни и други извештаи и анализи, како и континуирано следење на состојбите во оваа област и заедничко предлагање на мерки за подобрување на состојбите, се наведува во соопштението.
Во работата на НКТ за недискриминација учествуват 36 претставници на министерства и други државни институции, граѓански и меѓународни организации, синдикати и институти.
Формирањето на ова тело е во насока на спроведувањето на Програмата за работа на Владата на Република Македонија 2017-2020 и Стратегијата за еднаквост и недискриминација 2016-2020, со што ќе се постигне подобра координација и ефикасност на механизмите за спречување и заштита од дискриминација, а со цел градење на еднакво општество за сите
Ново на Сител
-

Тројца работници биле затрупани со земја на градилиште во Скопје, двајца се извлечени, за третиот се преземаат мерки
-

Определен 30 дневен притвор на поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини
-

Мицкоски: Ќе има дополнителни мерки за нафтената криза, се бориме со хаосот што го наследивме
-

Трамп објави продолжување на примирјето меѓу Либан и Израел за три недели
-

Најстудено утро во Берово и Лазарополе, измерени минус два степени Целзиусови
-

Папата Лав ги повика САД и Иран да се врата на преговарачка маса
-

Без струја делови од четири скопски општини
-

Норвешката влада планира забрана на социјалните мрежи за деца под 16 години
