-->
-->
ХРАСТ ја напушти хравтската владејачка коалиција
-->
Пред денешното продолжение на седницата на Хрватскиот сабор, Владата на премиерот Андреј Пленковиќ се соочува со нови потреси, откако владејачко мнозинство го напушти десната популиситчка партија Хрватски раст (ХРАСТ).Излегувањето на ХРАСТ од коалицијата го соопшти единстевниот нејзин пратеникот Хрвоје Зекановиќ, кој изјави дека ратификацијата на Истанбулската конвенција е нешто преку кое партијата не може да помине.
Зекановиќ тоа го најави синоќа на седницата на Клубот на пратеници на владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ) на Пленковиќ, која веднаш потоа и ја напушти.
Хрватски медиуми пренесуваат дека премиерот Пленковиќ изјавил оти заминувањето на Зекановиќ од владиното мнозинство не го загрижува, како тоа е се помало.
- Никој друг нема да го следи тој пат, тоа е сосема јасно по денешната расправа. Мислам дека тој и неговата партија настојуваат да ја потенцираат оваа тема и на неа поентираат, а забораваат дека да не беше ХДЗ и нашата добра волја, немаше да бидат во Парламентот, изјави Пленковиќ.
Хрватскиот премиер синоќа уште еднаш се обиде да ги убеди да се предомислат противниците на ратификацијата на Конвенцијата во редобите од неговата партија.
Тој апелираше да се почитуваат одлуките на странските тела и истакна дека тоа што некои се против, го сфаќа како дестабилизирање на партијата и дека се против него.
Пленковиќ рече дека во прашање е создавање хистерија и ги повика партиските колеги да размислат до петок, кога на дневен ред ќе биде гласањето за Истанбулската конвенција. Тој при тоа порача дека нема да има санкции за оние кои се против Конвенцијата.
Парламентот од денеска до 13 јули ќе заседава, по што ќе следи летна пауза. Се очекува денешната седница, на која ќе се расправа за Истанбулската конвенција, да биде една од најбурните во Парламентот во последните неколку години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Дмитриев: Решение за Украина може да се најде брзо ако се испочитуваат три прашања битни за Русија
-

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз
-

Мицкоски: Со поддршката од граѓаните ќе имаме убедлива победа во Демир Капија, за напредок и реализација на многу проекти
-

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина
-

Николоски од Росоман : Проширување на патот што го поврзува Росоман со новиот експресен пат, изградба на влезот во Сирково, поддршка за земјоделците
-

Ердоган: Ниедно политичко или безбедносно прашање не може да се решава без Турција
-

Кина го објави петгодишниот план пред најавената средба Си - Трамп: Справување со надворешните ризици, технолошка самостојност и раст на домашната побарувачка
-

Србија чува најмногу злато од државите од поранешна Југославија
