Иванов на Евроазиски економски самит во Истанбул
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов престојува во работна посета на Турција каде што ќе учествува на 21. Евроазиски економски самит што ќе се одржи во Истанбул.
Предвидено е претседателот Иванов да има обраќање на свеченото отворање, како и на претседателската сесија на самитот којшто годинава се одржува на тема „Дилемата на нашиот век: Технологија наспроти политика“.
Организатор на Евроазискиот економски форум е фондацијата Мармара - група за политички, економски и општествени истражувања чијашто цел е унапредување на односите меѓу ЕУ и земјите од централна Азија и Блискиот Исток.
Во време на престојот во Турција, претседателот Иванов ќе присуствува и ќе се обрати и на средбата со претставници на Стопанската комора на Македонија и турски бизнисмени. На средбата ќе се обрати и претседателот на Сојузот на стопански комори и берзи на Турција, Рифат Хисарџиклиоглу.
Ново на Сител
-
Охрид домаќин на финалниот турнир во ракометниот Куп на Македонија
-
Абутовиќ и во новата сезона во дресот на Еурофарм Пелистер
-
Фудбалерките на Љуботен го освоија Купот на Македонија
-
Босна ја освои титулата во АБА 2
-
Папата Лав Четиринаесети го прими Синер
-
Мбапе се запиша во историјата на Реал Мадрид
-
МВР со апел за безбедни матурски прослави
-
457 лица заа 3 години загинале во сообраќајки во Македонија