Џафери: Напаѓачите извикуваа „сите ќе ве убиеме, нема да излезете од тука“
Лицата кои насилно влегоа во Собранието и собранискиот прес-центар се закануваа дека ќе ги убијат сите и оти никој нема излезе, кажа претседателот на Собранието Талат Џафери кој денеска во Кривичниот суд сведочи за нападот врз пратеникот и лидер на Алијансата за Албанците Зијадин Села во Парламентот на 27 април.
Сведочењето го почна со објаснување на случувањата во собранскиот прес-центар. Рече дека се почнало околу 19 часот кога група граѓани насилно влегле во прес-центарот на Собранието.
- Насилно почнаа да напаѓаат, прво физички, а потоа и со сета опрема што се користеше како средство за напад врз сите нас, пратеници, медиуми и сите што бевме во прес-центарот. Зоран Заев, Оливер Спасовски, Горан Мисовски, Александар Кирацовски, Дамјан Манчевски, Весел Мемеди, Сурија Рушити и Зијадин Села направија кордон пред мене и јас се повлеков поназад. Покрај мене беше и снимателот на ТВ 24. Лица кои застанаа во моја заштита, покрај пратениците, беа и од обезбедувањето на Оливер Спасовски, рече Џафери.
Откако забележал дека Села не е во негова близина, прво помислил дека некој од обезбедувањето го повлекол, но потоа слушнал како еден од напаќачите рекол: „со Села завршивме и сега редот е на вас“. Потоа Џафери бил извлечен од прес-центарот и евакуиран во канцеларијата на пратеникот Влатко Ѓорчев. Таму од Никола Тодоров разбрал дека се тешко повредени Села и Радмила Шекеринска.
Од Собранието Џафери бил евакуиран во касарната во Ѓорче Петров. Подоцна од таму отишол во Клинички центар да го посети Села по што си заминал дома. Џафери пред судот рече дека не ги видел напаѓачите на Села.
На прашање на обвинителот, посочи дека во Собранието имало луѓе со фантомки.
- Луѓето почнаа да викаат ние што сме останати внатре да потпишеме дека не важи тоа што претходно се случило во собраниската сала, рече Џафери.
На прашање на адвокатот Дончо Баков дали обезбедувачот на Оливер Спасовски употребил оружје, Џафери одговори потврдно. Но, истакна дека обезбедувањето на Спасовски имало право според закон да носи оружје и во Собрание да влезе вооружено.
Тој додаде дека кога било испукано во плафонот во прес-центарот, луѓето се освестиле и се повлекле три метри наназад.
По Талат Џафери, за настаните во Собранието на 27 април лани, треба да сведочат и министерот Дамјан Манчевски и пратеникот Александар Кирацовски.
На претходните рочишта сведочеа неколку сведоци, меѓу кои и Зијадин Села.
Во овој случај обвинети се Кире и Цане Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Ценков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра.
На претходните рочишта обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села се изјаснија за невини. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат виновни и оти тоа ќе го докажат во натамошната постапка.
За овој предмет, месецов се закажани пет рочишта.
Ново на Сител
-
Мет Лебланк од „Пријатели“ ѝ се посвети на новата работа со луксузни автомобили
-
Муцунски во Прага на средба со чешкиот министер за индустрија и трговија, Лукаш Влчек
-
Горан Весиќ и официјално ја поднесе оставката во српката Влада
-
Трето одложување на повтореното судење за пожарот модуларната болница во Тетово
-
Едно лице загина, а три се тешко повредени во сообраќајка кај село Рибарци
-
Седлоски нов тренер на Вардар
-
Претрес во Велес, пронајдена дрога, приведено едно лице
-
Тројцата повредени во Нови Сад се уште се во тешка состојба, денеска протест поради трагедијата