Пратеник од Нова демократија: Ако нема целосен договор, Скопје како набљудувач во НАТО
Ако не се постигне целосен договор, ќе падне предлог Скопје да стане набљудувач во НАТО, предвидува пратеникот од грчката опозициска партија Нова демократија и потпретседател на грчкиот парламент, Никитас Какламанис, во интервју за грчкото радио 247.
Тој смета дека тешко може да се постигне комплетен договор до јули, а како една од главните причина ја споменува промената на Уставот.
- Моето предвидување е дека на НАТО Самитот, бидејќи мислам дека нема до тогаш да се постигне договор, онака како што има бара Грција, особено за промените во Уставот, може да падне предлог на маса и да го прифати тоа владата на Ципрас и на Каменос, дека во ред, не е постигнат целосен договор, но да го ставиме Скопје во НАТО како набљудувач, вели Какламанис.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, пратеникот од Нова демократија, во интервјуто за радиото упати критики до грчката влада поради тоа што не ги известила опозициските партии и не формирала една национална линија, особено пред посетата на Коѕијас на Скопје. Тој додава дека за испратените грчки и македонски предлози за решение, дознале од медиумите.
- Правилно ќе беше, господинот Ципрас, самиот тој да ги повикаше лидерите на политичките партии да каже, ова е тоа што го предлагаме ние, овие работи ни ги предложија Скопјаните, можеме да создадеме една национална стратегија, пред да оди Коѕијас во Скопје? Ова не се случи и беше погрешно, вели пратеникот на најголемата грчка опозициска партија.
Ново на Сител
-
Попладнево избувна голем пожар кај валандовско Грчиште, изгорени неколку штали
-
Трамп за Маск: Можеби ќе го депортирам, можеби ќе му го пуштам „DOGE“
-
Германија финансира дронови за Украина
-
Зеленски одликува 226 украински војници
-
ЕК демантира дека Фон Дер Лајен имала „долг“ разговор со Вучиќ
-
Србија заостанува зад другите кандидати за членство во ЕУ, тврди данската министерка за надворешни работи
-
Муртезани: Реформите и заедничкиот пазар се наш компас кон стабилност, единство и иднина
-
Повредени две лица во сообраќајка во Куманово