Сообраќајот по суви коловози, се расчистува свлечиштето на патот Крива Паланка-село Огут

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
На патниот правец Крива Паланка-село Огут поради свлечиште сообраќајот е во прекин, а екипи на ЈП „Македонијапат“ се на лице место и работат на расчистување на свлечиштето и нормализација на сообраќајот, соопшти АМСМ.
На патниот правец Макази - граничен премин Маркова Нога поради свлечиште кај местото викано Долги Рид, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Ново на Сител
-

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово
-

Трамп: Иранците бараат нешта со кои не можам да се согласам – или ќе ги збришеме, или ќе се договориме
-

Пентагон: САД ќе повлечат 5.000 војници од Германија
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Украинските власти тврдат дека не добиле официјален предлог за примирје за 9 мај
-

Трамп соопшти дека ќе ги зголеми царините за автомобили и камиони од ЕУ на 25 отсто
-

Белата куќа одби да го коментира новиот ирански предлог упатен до САД
-

Дуелот во Кратово меѓу Силекс и Шкендија заврши 1-1
