Путин пристигна во посета на Турција
Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во посета на Турција, каде денеска ќе бидат поставени темелите на нуклеарната централа „Акују“ - првата турска атомска електроцентрала.
АЕЦ „Акују“ ќе биде изградена во близина на пристаништето Мерсин, на брегот на Средоземното Море, а ќе ја гради руската државна компанија Росатом. Електроцентралата ќе се состои од четири блока, со моќност по 1.200 мегавати, а целата инвестиција изнесува 22 милијарди долари.
Анкара денеска ќе биде домаќин и на средбата на Советот за соработка на високо ниво меѓу Русија и Турција.
Во рамки на посетата, Путин утре ќе учествува и на тристраната средба за Сирија, на која ќе учествуваат и претседателите на Турција и Иран Реџеп Тајип Ердоган и Хасан Рохани.
Тие во Анкара ќе разговараат за регионалниот развој и за безбедносната ситуација во Сирија.
Трите држави се гаранти на примирјето во Сирија, договорено во декември 2016 година, од кое произлезе преговарачкиот процес во Астана, наменет за изнаоѓање политичко решение на конфликтот. Тие преговори се водат паралелно со разговорите кои се одржуваат под покровителство на ОН во Женева.
Ново на Сител
-
Тројца скопјани физички нападнале 11 Турци во угостителски објект во Центар
-
Куче намириса 2 килограми кокаин на скопскиот аеродром | ВИДЕО
-
Мицкоски: Фокусирани сме на вистински капитални инвестиции
-
Ја голтнал дрогата што ја купувал кога видел полиција па завршил во болница
-
Кумановската полиција пронашла седумнаесет мигранти од Сирија
-
Почина еден од најуспешните винопроизводители во светот, Жозеп Ферер Сала
-
Нова промена на цената на горивата од полноќ
-
Зголемен бројот на туристи и на ноќевање