Пуџдемон: Ние не сме криминалци
Поранешниот претседател на каталонската регионална Влада, Карлес Пиџдемон, кој се наоѓа во притвор во Германија, порача дека не е криминалец и дека борбата за независност на Каталонија се базира на демократија и ненасилство.
- Ние не сме криминалци. Два пати победивме на избори, изјавил Пуџдемон на средба со двајца пратеници во германскиот Парламент, кои го посетија во притворот.
Пуџдемон нагласил дека кривичното дело бунт, за кое го товарат шпанските власти, подразбира употреба на сила. - Немаше насилство, значи нема ни бунт, изјавил Пуџдемон на средбата.
Германските власти минатата недела го приведоа Пуџдемон врз основа на меѓународната потреница што против него ја објави Шпанија под обвинение за бунт и поттикнување на бунт во врска со одржувањето на референдумот за отцепување и прогласувањето на независност на Каталонија.
Во тек е постапка во која германските власти го разгледуваат барањето на Мадрид за негова екстрадиција во Шпанија.
Ново на Сител
-
Приведени двајца дилери од Кичево
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар
-
Вархеји му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ
-
Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“ | ВИДЕО
-
Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина
-
Реакција на осигурителните компании на одлуката да се врати старата цена за авто одговорноста
-
Хунтата во Мјанмар им забранува на мажите да аплицираат за работа во странство
-
При претрес приведен дилер од Битола