Штрајк на железничарите во Франција
Француската Национална железничка компанија СНЦФ предупреди дека штрајкот на вработените ќе предизвика хаос во железничкиот сообраќај во Франција и во Европа во вторник и среда.
Во соопштение од компанијата се појаснува дека само 15 отсто брзи возови и 25 отсто регионални возови ќе работат за штрајкот од 3 до 4 април. Имено, ќе сообраќа само еден од три возови меѓу Франција и Германија и 75 отсто Евростар возови што сообраќаат меѓу Париз и Лондон.
Возовите што сообраќаат меѓу Франција, Белгија и Холандија би требало да возат по нормален возен ред.
Четири синдикати повикаа вработените во железницата да штрајкуваат по двапати неделно секоја недела до крајот на јуни.
Со тоа изразуваат протест за планот на Владата за реформи во железничкиот сектор што предвидува и укинување на дел бенифиции за вработените.
Ново на Сител
-
Стармер и Фон дер Лајен: Скапо ја плативме цената за руската енергетска уцена
-
Макрон: Американскиот гнев треба да биде насочен само кон Путин
-
Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“
-
Гробот на папата Франциск ќе биде отворен за јавноста од недела наутро
-
Блумберг: САД ќе бараат Русија да го признае правото на Украина на сопствена армија и одбранбена индустрија
-
Најмалку 12 луѓе загинаа при рускиот напад врз Киев
-
Времето утре променливо облачно со дожд и грмежи
-
Тошковски за трагедијата во Кочани: Досега осомничени 68 физички и три правни лица, не се постапува селективно