Димитров и Коѕијас се подготвуваат за Виена, двете страни бараат достоинствено решение
И Македонија и Грција сакаат достоинствено решение за спорот со името, кое ќе биде плод на компромис и на почитување на интересите на двете страни.
Ова го потенцираат официјалните претставници на двете земји непосредно пред новата рунда преговори за името, која треба да се одржи утре во Виена. Министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас непосредно пред средбата со посредникот на ОН Метју Нимиц повторија дека сакаат да се најде компромис и конечно да се реши спорот.
Сложено име со географска одредница, за севкупна употреба и промена на македонскиот Устав е позицијата на Грција. Македонската страна останува на ставот дека слеано име не е најдостоинственото решение, особено не непреведено и секако прашањето да се реши преку меѓународен договор, а не со промена на највисокиот правен акт на државата.
- Името треба да биде сложено со географска одредница, со придавка и да разграничува дека не станува збор за грчката Македонија и да не содржи иредентистички елементи е ставот на официјална Атина, кој го изнесе шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас.
Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров нагласи дека географската одредница е прифатлива, но за дистинкција од територијата во Грција, а не за обезличување на македонскиот јазик, народот и државата.
Димитров повтори дека за македонската страна неприфатливо е слеано пишување на одредницата со името Македонија, а исто така предочи дека е неприфатливо и име без превод.
Потенцира дека Македонците мора да бидат Македонци, кои го зборуваат македонскиот јазик. - Тој страв мора да биде покриен соодветно за воопшто ние да можеме да се отвориме за географска одредница. И тоа што јавно го соопштивме за географска одредница е врзано, односно не е безусловено. Исто така таа географска одредница не може да биде недостоинствена. Практично ова го нема во слеаното име, рече Димитров.
- Треба да најдеме сложено име што ќе ја изразува посебноста и географската позиција на оваа држава, а во исто време нема да навредува ниту една од двете страни, изјави Коѕијас.
Ново на Сител
-
Зголемен прометот во индустријата
-
Активни четири пожари, изминатото деноноќие вкупно 20 пожари
-
Правилникот на ДИК за собирање потписи за кандидатските листи за локалните избори пред Уставен суд
-
Нетанјаху: Трамп ме покани во Белата куќа
-
Вучиќ: Рубио побара средба со мене, верувам дека е можно да се реши прашањето за царините
-
Фон дер Лајен му вети на Трамп дека ЕУ ќе престане да купува руска нафта и гас
-
Променливо облачно, посвежо и ветровито со сончеви периоди
-
Состојба на патишта