-->
-->
Факторингот многу малку искористен, речиси непознаница за домашните фирми
-->

Како што беше речено на денешната конференција во Стопанската комора, со факторингот фирмата може навреме да ги наплати фактурите без вообичаено да чека 60 до 120 дена, може да обезбеди капитал за до го води бизнисот, да ги исплати добавувачите и вработените, како и да го поттикне својот раст и развој.
За разлика од банкарските кредити, факторингот не бара дополнително обезбедување.
- Факторингот помага во подобрување на готовинскиот тек на компаниите, обезбедува свеж обртен капитал во моментот кога им е најпотребен, го подржува нивниот раст и развој. Во основа, факторингот е преземање на недоспеани побарувања, изјави Јове Ристески од проектот на УСАИД што им беше презентиран на компаниите.
Според него, одложеното плаќање е голем проблем за нашите мали и средни претпријатија, а факторингот може да го скрати рокот, па наместо да чекаат трговецот да им ги даде парите за 90 дена, фирмите ќе ги добијат веднаш и ќе ги искористат во некој друг, поприоритетен правец.
Факторингот кај нас засега го користат банките и само некои фирми што слушнале и што знаат дека е тоа опција да си помогнат во даден момент, а го нудат и осигурителните друштва, како и Македонска банка за поддршка на развојот (МБПР) како придружен производ на осигурувањето за извоз.
Во Европска унија обемот на факторинг изнесува повеќе од 10 отсто на БДП, а во Словенија чиј пазар е поразвиен од останатите во регионот, достигнува три проценти од БДП или 1,2 милијарди евра.
Министерот без ресор Зоран Шапуриќ, кој присуствуваше на конференцијата, кусо истакна дека поддршката на малите и средните фирми која е една од клучните владини определби, мора да се спроведува на долг рок. Во таа насока, една од мерките е настојувањето да се зголемат средствата во МБПР и значително да се намалат каматите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кон средината на мај, Трамп во Ријад ќе се сретне со лидерите на земјите од Заливот
-
Во Радовиш приведени две лица сторители на 14 тешки кражби
-
Во Битола затекнати 23, а во Охрид шест малолетници после 24:00 часот
-
66-годишник во инвалидска количка повреден од автобус на улица во Струга
-
60-годишник со возило „Форд“ излетал надвор од патот, возачот починал на местото на настанот
-
Приведен 36-годишник од Крива Паланка, управувал возило со 1,58 промили алкохол во крвта
-
Двајца загинати и 31 повреден во судар на автобус и автомобил на автопат во Хрватска
-
Британската полиција уапси осум мажи осомничени за терористички активности