Таа му беше наставничка и го силуваше кога имал 12 години, а скандалот стана поголем кога излезе од затвор

Тие беа во центар на вниманието на светот кога 34-годишната наставничка и мајка на четири деца од Сиетл и нејзиниот 12-годишен ученик ја објавиле својата врска.
Откако ја објавиле својата врска многу работи се случиле.Пресвртот почнал дури по откривање на скандалот.
Мери Кеј била наставничка и станала најомразена личност во Америка бидејќи го силувала својот ученик Вили Фаулау кој тогаш имал 12 години.
Таа поради случката била повеќе од седум години во затвор, но приказната не завршила таму. Набргу по излегувањето се омажила за Вили кој штотуку станал полнолетен, а со него имала и две ќерки.
Живееле заедно повеќе од една деценија, но најверојатно овде завршува скандалозната врска која крена многу прашина.
Скандалозната приказна меѓу Мери Кеј Летурно (53) и Вили Фаулау (31) завршува и тие после 12 години брак се разведуваат.
Барање за развод поднел Вили, а причините за се интересни. Всушност Вили сака да почне нов бизнис, а позадината што ја има неговата сопруга која била во затвор ќе му штети околу добивањето на дозволи за работа.
Всушност тие ќе бидат разведени само на хартија. Тие и понатаму живеат заедно и се заљубени.\
Ново на Сител
-

Продолжуваат протестите во Франција, се очекуваат нови блокади на училиштата
-

Најмногу дожд во Тетово, најстудено на Попова Шапка
-

Сеул: Северна Кореја лансираше ракети кон морето
-

Најмалку едно лице загина при нови напади на Хутите врз саудиските аеродроми
-

Македонскиот борач Топузовски освои бронзен медал на меѓународно натпреварување во Италија
-

Премиерот Мицкоски и министерот Николоски на почеток на изградба на автопатот Букојчани - Кичево
-

Манчестер Сити го освои Енфилд и остана со максимален ефект
-

Струмица 2001 го совлада Пелистер во Супер кошаркарската лига
