Туск: ЕУ е загрижена поради акциите на Турција

Европската унија е загрижена поради начинот на кој турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го почитува владеењето на правото во Турција и поради неговите потези во Сирија и источен Медитеран, изјави синоќа претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.
- Нашиот денешен состанок покажа дека додека нашите односи минуваат низ тешки времиња, во областите во кои соработуваме, соработуваме добро, рече Туск по самитот ЕУ-Турција во Варна.
Според него, повторно е потврдена подготвеноста на ЕУ да го зачува дијалогот и да работи на надминување на моменталните проблеми со цел „да се развијат потенцијали партнерства“.
Тој наведе дека лидерите на ЕУ не добиле конкретни одговори од Ердоган на долгиот список на сето она што ги загрижува, вклучувајќи ги и операциите во Сирија и апсењeто новинари.
Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, од своја страна, изрази надеж дека тешкиот период во односите меѓу Турција и Европската унија е оставен во минатото.
- Да се надеваме дека тешкиот период во односите Турција-ЕУ го оставивме зад нас, рече Ердоган.
Како што јави агенцијата Анадолија, турскиот претседател истакна дека на Самитот на лидери на Турција и Европската унија во Варна е направен првиот чекор во однос на повторното воспоставување на довербата меѓу Турција и ЕУ.
- Се надевам дека денеска, на ова место, сите ние заедно направивме прв чекор во однос на повторното воспоставување на довербата меѓу нас и ЕУ. Меѓутоа, не е доволно да се каже дека го направивме овој чекор, сега треба да се направи конкретен чекор, рече Ердоган.
Ново на Сител
-

Koшта: Проширувањето на ЕУ служи за зајакнување на Европа, како отпорна економска сила и сила за мир
-

Измамници ја користат видео играта GTA VI за да крадат пари и податоци од гејмерите
-

Побаран притвор за охриѓанецот кој ја претепа својата девојка - се товари за три кривични дела
-

Мицкоски со осуда за нападот врз девојката во Охрид: Ќе сториме сè сторителот да одговара пред правдата
-

Попладнево повторно приведен Корабоски – нови околности во случајот
-

Чеферин гостин на Омерагиќ, заедно ќе го следат дуелот Македонија – Словенија
-

МФ: Јавниот долг во 2027, во согласност со ревидираните податоци за БДП, нема да го надмине прагот од 60%
-

Родителите со две ќерки се најсреќни, покажува научна студија на речиси 50.000 луѓе
