Лидер по трошење: Министерот за економија за шест месеци по ресторани потрошил 14.000 евра
Министерот за економија Крешник Бектеши лидер по трошења во ресторани и угостителски објекти во земјава и странство.
Според алатката што ја објави Владата – министерот Бектеши, за шест месеци направил сметка од 14 илјaди евра само за угостителски услуги во земјата и странство. Следен на листата вицепремиерот Бујар Османи, кој за истата намена потрошил близу 13 илјади евра, а трет е министерот за правда кој веќе си поднесе оставка – Билај Салиу со 12 илјади евра. Министерот Алаѓозовски за истата намена потрошил нешо помалку од 9 илјади евра, додека пак Љупчо Николовски нешто повеќе од 7 илјади евра.
Најмалку пари, или по само околу 500 евра потрошиле министрите Оливер Спасовски и Горан Сугарески. Министерот за надворешни, Димитров, кој изминатиот период е постојано на патување поради преговорите за шест месеци за угостителски трошоци потрошил само 2,500 евра. Сепак, неговите трошоци значително се зголемуваат ако во пресметката се вклучат и авионски карти, дневници за патување и вип салони на аеродроми.
Ново на Сител
-
Турски државјанин пронајден мртов во Скопје
-
MВР: Пронајдена метална кутија со 151 куршум
-
Стојановска и Биковски избрани за Републичко обвинителство, во ОЈОГОКК ќе се придружат Хаџи Василева и Азизи
-
Собранието донесе неколку закони и потребата за донесување на закони по скратена постапка
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Мицкоски на средба со претседателот на Австрија
-
До Нова година мониторинг, а потоа строги казни за оние што не го почитуваат Законот за нефер трговски практики
-
Просечната нето-плата во август 41 097 денари