Убиен киднаперот од супермаркетот во Треб

Лицето кое денеска задржа неколкумина заложници во супермакет во градот Треб во југозападна Франција, е неутрализирано од страна на француската полиција, јавија локалните. медиуми.
Киднаперот пред ликвидирањето побарал ослободување од затвор на исламистот Селех Абдесалам, кој е осмничен дека стои зад нападите во Париз од ноември 2015 година, при што загинаа околу 130 лица.
Градоначалникот на Треб, Ерик Менаси, претходно соопшти дека киднаперот ги ослободил сите заложници од супермаркет, освен еден полицаец со кој останал сам во објекот.
При нападот на киднаперот, кој тврдел дека е припадник на џихадистичката група Исламска држава (ИД), врз супермаркето, според АФП, загинале две лица.
Градоначалникот Менаси изјави дека кога влетал во супермакетот киднаперот извикувал „Алаху акбар (Алех е голем), сите ќе ве убијам“.
Полицијата информира дека пред да упадне во супемаркетот во Треб, напаѓачот украл автомобил во соседниот град Каркасон, при што убил едно лице, а ранил друго. Потоа тој стрелал кон група полицајци, повредувајќи еден од нив, по што се упатил кон супермаркетот во Треб.
Францускиот премиер Едуар Филип го окалификува настанот како „терористички чин“.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Модернизиран охридскиот аеродром, подобрени услуги за патниците
-

Во Тирана одржан 100-тиот граѓански протест против изградба на луксузно одморалиште во Зврнец и Сазан, најавена граѓанска непослушност
-

Експлозии одекнаа во центарот на Атина, бомби фрлени врз два бара
-

Фон дер Лајен: Шокантни беа сцените од погребот на Младиќ во Белград
-

Силјановска Давкова го честита 8-ми Септември: Нашата визија е стабилна и напредна европска држава
-

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината
-

Макрон бара забрана за социјалните медиуми во цела ЕУ за лица под 15 години
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе ја добиеме војната против Иран
