„Златниот глас“ за демаркацијата се појави во косовскиот Парламент
Продолжението на седницата на косовскиот Парламент посветена на ратификацијата на Договорот за демаркација на косовско-црногорската граница, се уште не закажано, но повеќе од сигурно е дека владејачкото мнозинство го обезбеди потребниот број гласови за усвојување на документот.
„Златнот глас“, како што го нарекуваат пратеникот Адем Хоџа,од Еднствената горанска партија, кој е дел од парламентарната група на Српската лста, пристигна во Собранието, со што се обезбедени потребнте 80 гласо0и.
- Токму доаѓањето на Хоџа го „активира“ солзавецот, што пратениците на Самоопределување го фрлија десеттина минути по неговото пристигнување во салата, тврди порталот „Зери“.
Во меѓувреме, пратениците од Самопределување го блокираа влезот во Парламентот, а дојде и до кошкање со обезбедувањето.
Претсдателството на Парламентот се договара за термин за продолжување на седницата, иако е повеќе од јасно дека нема атмосфера за одржување на седницата. Според последните информации, гласањето по Договорот ќе биде јавно.
Седницата претходно беше прекината откако пратениците на Самопоределување, Џелал Сечија и Фиторе Пацоли фрлија солзваец во собранската сала.
Косовскиот министер за инфраструктура Пал Лекај од Алијансата за иднината на Косово (ААК) изјави дека солзавецот што беше фрлен денеска во салата бил „многу појак од оној кој го фрлил тој кога беше во опозиција“.
Остро на денеска фрлениот солзавец реагираше евроамбасадорката Наталија Апостолова, велејќи дека е вчудовидена од „опасните тактики“ на Самоопределување.
- Вознемрена сум од солзавецот во Парламентот! Шокирана сум што пратеници од еден Парламент во Европа применуваат опасни тактики кои Косово го враќаат назад, нагласи Апостолова.
Пратениците на Самоопределување и во претходниот парламентарен состав фрлаа солзавец со што ја оневозможија ратификацијата на Договорот за границата. Тогаш на нивна страна беше и ААК на актуелниот премиер Рамуш Хараднај, чии пратенци жестоко се спротвставуваа на Договорт потпшан во Виена во август 2015 година.
Ново на Сител
-
На преговорите во Каиро поканета и израелска делегација
-
Недовршен портрет од Густав Климт, продаден за 30 милиони евра
-
ПМФЛ: Неочекуван пораз на Струга
-
Манчестер јунајтед подготвен да потроши 80 милиони евра за Араухо
-
Партиите бараат од граѓаните масовно да излезат на гласање на 8 мај, ВМРО-ДПМНЕ се изјасни дека би формирала влада со Вреди
-
Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност ќе одлучува за поскапувањето на полисата
-
Учениците на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Блинкен во посета на Саудиска Арабија, Јордан и Израел