Фудбал
20. March 2018 - 16:30

Нов трансфер рекорд, 225 милиони за Салах?!

Британските  медиуми пишуваат дека на повидок е нов трансфер рекорд кој ќе го сруши досегашниот на Бразилецот Нејмар да Силва кој минатото лето мина од Барселона во ПСЖ. 

Според пишувањата се работи за трансфер на Мохамед Салах кој доколку се оствари би бил за три милиони евра повисок од оној на Нејмар.  Иако Ливерпул нема намера да се одрече од услугите на Салах сепак најави дека би ги разгледал понудите од странски клубови но никако и на локалните ривали Манчестер Сити и Јунајтед.  Салах експлодираше по заминувањето од Рома и во моментот игра ефикасно во дресот на Ливерпул и е најдобар стрелец во Европа со 28 погодоци. Во сите натпреварувања Египјанецот има 36гола со 12 асистенции.  Негови претходни клубови беа Фиорентина, Челзи, Базел и египетскиот Ел Мекавлун.