Македонија
20. October 2015 - 11:21

Ќе се гради биолошка прочистителна станица во неготинско Тремник

Во рамки на проектот „Водоснабдување и одведување на отпадни води“ кој се реализира во соработка и со поддршка од Министерството за транспорт и врски, а е финансиран со средства преку Европската инвестициона банка, општина Неготино започна со подготовка за реализација на изградба на Биолошка прочистителна станица во селото Тремник,  од контејнерски тип.

- Станицата ќе биде лоцирана во селото со влезен капацитет од 240 метри кубни, а вкупната проценета вредност на проектот изнесува 6.143.028 денари, информираа денеска од неготинската Локална самоуправа.

Претходно, беше реализиран комплетниот проект за изградба на фекална мрежа од 3 крака со кои се покри целата територија на селото Тремник, а сега е во фаза приклучувањето на објектите во селото кон таа мрежа.