Груевски се скара со Џафери, седницата прекината
Претседателот на Собранието на РМ Талат Џафери во продолжението на 32. седница ја отвори 8-та точка, за Законот за употреба на јазиците, но по реакција од претениците од опозицијата прогласи пауза од 15 минути.
Претходно Никола Груевски се качи на говорницата кај претседателот Џафери и бараше од него да прекине со работата.
Пратенокот Данев Драган претходно извести дека имало груба манупулација и дека немало никаква координација за време на получасовната пауза во Собранието. Тој побара почитување на деловникот за работа и свикување на Комисијата за мандатно имунитетни и деловнички прашања за да расправа дали тие имаат деловничко право да поднесат и да расправаат за амандманите за Законот за јазиците.
Џафери рече дека паузата била на барање на Илија Димовски, но ваше е правото дали ќе дојдете на координација.
Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во процедурална забелешка, рече дека ваквата мирна атмосфера во Собранието не го одложува проблемот со непочитување на деловникот и со европското знаменце.
- Мислите дека ова не се таложи и собира како проблем. Повикувам на разум. Носите закон не што Илија Димовски не го прифаќа или ВМРО-ДПМНЕ, туку закон што не го прифаќа голем дел од населението. Оваа постапка ќе донесе далекусежни последици, изјави Димевски.
На стартот од продолжението на 32. седница, претседателот на законодавниот дом Талат Џафери ја прескокна точката за законот за јазиците со која требаше да почне седницата. Наместо тоа, седницата продолжи со гласање по други точки од дневниот ред, по што Џафери објави пауза од половина час за кооринација на пратерниците за понатамошната работа на Парламентот.
Ново на Сител
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога