Судски совет назначи в.д. претседател на Апелациски додека трае вонредното оценување на кандидатите

Судскиот совет на денешната седница нема да избира претседател на Апелацискиот суд Скопје, туку назначи в.д. претседател додека трае вонредното оценување на судиските кандидати.
Вонредното оценување го побара членот на Судскиот совет Влатко Самарџиски, кој рече дека тоа е согласно Законот.
Самарџиски додаде дека некои од кандидатите од Кривичниот суд биле ниско рангирани поради злоупотреби со годишниот распоред на судиите.
Предлогот на Самарџиски го поддржаа осум членови на Судскиот совет, додека шест беа против.
Членот на Судскиот совет Александра Зафировска се спротивстави за вонредното оценување на судиите, велејќи дека овој предлог е задоцнет.
Досегашната претседателка на Апелацискиот суд Скопје Љиљана Ивановска Шопова ја напушти функцијата поради заминување во пензија.
Ново на Сител
-

Последна овогодишна сесија на Европарламентот
-

Наутро магла, преку ден сончево до 13 степени
-

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
-

Прегазено 4-годишно дете во Кичево
-

Дел од општина Аеродром без вода
-

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на АЛДЕ, потврдена заложба за деблокирање на македонскиот евроинтегративен пат
-

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
-

Планирана замена на радарот на Меѓународниот аеродром Скопје | ВИДЕО
