Кој навистина беше Давиде Астори: Детали за животот на фудбалерот кои малкумина ги знаеја
Фудбалскиот свет остана шокиран по веста за смртта на Давид Астори, капитенот на Фиорентина и италијански репрезентативец, кој во 32. година од животот почина ноќта пред натпреварот со Удинезе.
Давиде Астори е роден во Бергамо, каде ги направи првите фудбалски чекори во локаниот клуб Понтисола.
Професионалната кариера ја започна во Милана, а потоа премина во Кањари, во кој во текот на осум години израсна во врвен играч. Интерес за овој играч во 2012 година покажа рускиот Спартак од Москва, а се споменуваше и Манчестер Јунајтед.
Астори од верност кој својот клуб одби понуда од 12 милиони фунти, а кариерата во 2016 година ја продолжи во Фиорентина, каде и трагично ја заврши.
Зад себе ја остави сопругата Франческа, поранешен модел и двегодишната ќерка Виторија. Франческа ја запозна 2013 година на забава, додека уште играше во Каљари.
Така заедно отворија слаткарница, но сепак топката го однесе во Рим, а потоа и во Фиорентина каде доби капитенска лента.
Додека играше во Каљари го финансираше театарот на отворено на најголемата градска плажа Поето.
По фудбалската кариера имаше план да води нормален семеен живот со сопругата и ќерката кои верно го следеа и поддржуваа, а потоа така наеднаш се прости од нив.
Неговиот, за жал, прекраток живот, најдобро го илустрираат изјавите на бројните фудбалски великани кои со така се простија од својот капитен, соиграч, колега и пред се пријател.
-Беше вистински капитен, посебен тип, сега ни е должност да бидеме близу до неговото семејство, изјави Андре Дела Вале.
Освен него пораки со поддршка упатија и Тоти, Монтела, Валеро, Диего Лопез, Пирло но и големите клубови како Реал Мадрид, Барселона, Сити.
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница