-->
-->
Десет барања за обесштетување во Кумановско
-->

Десет барања поднеле граѓаните до општинската комисија за проценка на штети од поплавите кои ја зафатија општина Куманово на 11 октомври годинава, а рокот за поднесување истече денеска.
По прибирањето на барањата, општинската комисија за проценка на штети ќе изврши увид по што ќе достави извештај до Советот на општина Куманово. Доколку биде усовен, како што информира претседателот на Комисијата за проценка на штети Цоки Ристовски, барањата за обештетување ќе бидат испратени до владината комисја за проценката на штети која треба да се произнесе со одлука.
Обилните врнежи на 9 и 10 октомври предизивикаа зголемување на водостојот на реката Кумановка и нејзините притоки кои се излеаја на неколку критични точки, предизвикувајќи штети на куќи, пордумски простории и на земјоделско земјиште.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
-

Инвестирани над 40 милиони денари за Стоматолошкиот клинички центар „Св. Пантелејмон“
-

Зеленски: Повторно го забавија „Ѕвездениот штит“, со што им се помага на Русите да нè убиваат
-

46-годишник од Кратово физички ја напаѓал и малтретирал бремената партнерка
-

Скопје во знакот на боксот: Јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“
-

Утре силен јужен ветер и температури над просекот
-

Приведени 8 возачи во изминатото деноноќие, 6 возачи управувале возило без положен возачки испит
-

Кибернапад во Швајцарија: Украдени лични и медицински податоци на пациенти и вработени
