Боко харам нуди размена - заробените девојчиња за воени челници

Екстремисти од групата Боко Харам понудија да ослободат над 200 девојчиња и жени киднапирани минатата година од Интернат во градот Чибок во замена за пуштање на слобода на нивните воени челници кои ги држат владините сили, изјави активист за човекови права.
Активистот рече дека понудата на Боко харам се однесува само на девојките од училиштето во Чибок на североистокот на Нигерија, чие киднапирање во април 2014 година предизвика остра меѓународна реакција и кампања „Вратете ги нашите девојки“, која стигна дури и до Белата куќа.
Екстремистите на Боко харам и минатата година и понудија на владата на тогашниот претседател на Нигерија Гудлак Џонатан да ослободат 219 ученички во замена за 16 заробени припадници на екстремистичката група, рече активистот, кој учествувал во преговорите и тогаш и сега, а побарал анонимност. Размената тогаш ја спречи нигериската разузнавачка служба.
Советникот на нигерискиот претседател Мухамед Бухари Феми Адесина минатиот викенд рече дека Владата на земјата „не се противи“ за преговори со Боко харам. - Повеќето војни, колку и да се крвави и жестоки, често се завршуваат на преговарачка маса, рече тој.
Припадници на Боко харам лани во Чибок киднапираа 274 девојчиња и жени, главно од христијанска вероисповед, од кои некои успеаја да побегнат во првите денови, со што во заробеништво останаа 219. Во видеото на снимката објавена во мај 2014 се гледаат стотина од тие девојчиња како носат муслимански шамии и рецитираат стихови од Куранот.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Градежништвото е еден од најголемите контрибутори во растот на БДП
-

Мбапе: Сонувам да играм против Роналдо и Нејмар на нивното последно Светско првенство
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и адолесценти, услугите ќе бидат достапни преку системот „Мој термин“
-

Лабудовиќ од КОСАП: Балканот мора да стане енергетски коридор на Европа, а не периферија на транзицијата
-

Бахреин ги осуди иранските напади
-

Приведен 76-годишен маж од Гостивар, возел мопед без дозвола
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради трка
-

Почна полагањето на државната матура, годинава полагаат 14.500 ученици
