Ја бомбардираа Југославија, имаа воени операции во Ирак и Авганистан: Путин за тоа како НАТО ја измамил Русија
Можеме да констатираме дека во тек е геополитичка борба во рамките на идеолошките тензии.
Русија требало да ги предвиди големите геополитички промени ширум светот по обединувањето на Германија, но се покажала како неспособна за тоа, "еднострано губејќи ја земјата под нозете", рекол рускиот претседател Владимир Путин во интервјуто за документарецот "Светски поредок 2018".
"Не само што придонесовме за обединување на Германија и ги повлековме своите трупи, туку ги повлековме и силите на другите источноевропски земји, очекувајќи, секако, дека НАТО ќе престане да постои со крајот на Варшавскиот договор, или дека, во секој случај, повеќе нема да се шири, како што ни беше благовремено кажано, и дека ќе се случат некои тектонски промени на начинот на кои комунициравме", рекол Путин, пренесува "Tass".
Како што истакнал, тоа на крајот не се случило и "констатиравме дека во тек е геополитичка борба во рамките на идеолошките тензии".
Путин укажал на бранот на ширењето на НАТО кон истокот и на влијанието од САД кое подоцна уследило, а во тој контекст ги навел и воздушните напади против Југославија кои минале без санкции во Советот за безбедност на ОН, воените операции во Ирак и Авганистан, како и ескалацијата на верскиот екстремизам во Северен Кавказ.
"Тие работи се случуваа една по една како гром од ведро небо, но тоа требаше да го очекуваме. Па сепак, благо кажано, ние покажавме неспособност и неуспех да сфатиме што ќе се случува во светот", рекол рускито претседател.
Тој навел дека и тогаш многу сојузници на Источна Германија во западниот блок го доведувале во прашање обединувањето со Западна Германија, а сомненија имало и кај САД.
"Во Русија тоа не беше случај. Русија сметаше дека, ако германскиот народ сака обединување, тогаш би контрапродуктивно, штетно и непреведно да се спречи. И така Русија помогна во тоа, прилично несебично", заклучил Путин.
Ново на Сител
-
Не се срамев од работа, успеав на село со свој бизнис | Сања Димковска | Sitel Podcast 041
-
Тројно убиство во Србија: 22 годишник со ловечка пушка ги убил татко му, дедото и бабата
-
МЗ: Владата усвои информација за состојбата во хируршките клиники, се укажува да се замени опремата на централната компресорска станица со нова
-
Во полициска акција во шест европски земји уапсени 17 членови на албанска нарко организација
-
Тешко повреден работник во фирма во Скопје
-
Финансиска и логистичка поддршка за македонскиот олимписки спорт од меѓународните олимписки организации
-
239 куршуми одземени од кичевчанец
-
Малолетно девојче нападнато и ограбено во Аеродром