Loading Video...
Македонија
19. October 2015 - 17:09

Во Кратово се одржа Шопска свадба

Галичник ја има надалеку познатата Галичка свадба, а Кратово ја има „Шопска свадба“ како културна манифестација која допрва треба да прерасне во препознатлив бренд.

Благодарение на организаторот на манифестацијата, здружените „Етно ризница“, неколку стотици посетители имаа можност за прв пат да се запознаат со вековните обичаи и ритуали на шопската свадба.

Невестата, младоженецот, кумот и сватовите одлично се вклопија во амбиентот на локалитетот „Камени кукли“, познат кај народот уште и како „Весела скаменета свадба“.

Звуците на гајдата и кавалот означија почеток на манифестацијата која во иднина треба да стане традиционална и да влезе во културната туристичка понуда на североисточниот регион.