-->
-->
Советот на Европа препорачува државите да промовираат независно и истражувачко новинарство
-->

Советот на Европа денеска им препорача на 47-те држави членки од организацијата да го промовираат независното и истражувачко новинарство.
Препораките содржат повик за развој на национални стратегии за разновидноста на средствата за информирање - јавни, локални, прекугранични и малцински.
Притоа на државите им се препорачува да обебзедат услови за целосна редакциска и оперативна медиумска независност.
Со препораките се даваат насоки кои вклучуваат и прашања за медиумската писменост, која се однесува на способноста на слушателите, читателите и гледачите да ја проценат веродостојноста на информацијата и нејзините извори.
Советот на Европа предлага и државите да создадат правна основа во заштита на транспарентноста на сопственоста на медиумите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Победа и пораз на македонските репрезентации на шаховската Олимпијада
-

Мицкоски: Наместо со ЕУ интеграциите да си ги менуваме институциите, некои земји сакаа да ни го сменат идентитетот
-

Анкета: Рејтингот на Трамп падна на 32%, најниско ниво досега
-

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-

Калас ги повика земјите од ЕУ да ја задржат политиката на санкции кон Русија
-

Макрон: Со Трамп имавме многу конструктивен разговор за Црвеното Море и Украина
-

Во Србија почнува исплатата на еднократна помош од 6.000 динари
-

Променливо облачно и ветровито
