-->
-->
Никогаш не виделе поголем ужас: Полицијата влегла во стан на пензионерка, она што го виделе ги згрозило
-->

Загрижени соседи веќе некое време ја немале видено својата сосетка која живеела сама и ја повикале полицијата. Кога влегле внатре ги чекал страшен призор.

Најверојатно жената собирала ѓубре по контејнери па така целиот стан бил покриен со стари алишта и ѓубре, а најстрашното од се било тоа што на креветот лежела мумифицираната мајка на пензионерката.
Таа цели 30 години ја чувала својата мртва мајка во станот. Телото било облечено во бел фустан со зелени чорапи и сини чевли. Блиску до главата имало икона.
Полицајците и соседите биле во шок.

Соседите не ни претпоставувале дека во станот има тело од умрен човек. Според нив 77-годишна жена живеела сама, а кога полицијата ја нашла на подот, двете нозе и биле парализирани.
Во станот немало ни струја, ни вода ни гас. Иако не комуницирала со соседите тие сепак и оставале храна надвор пред вратата.

Мумијата била земена на обдукција, а пензионираната жена била префрлена во болница.
Полицијата ќе се обиде да ги утврди сите околности на овој чуден настан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Возач на 59 години и две сопатнички на 55 и 71 години се загинатите од Тетово во сообраќајната несреќа
-
На ГП „Табановце“ за влез и излез се чека 45 минути
-
Во стан во Велес пронајден мртов маж
-
Ангелов со апел за внимателност за Илинденските празници за да не се предизвикаат пожари
-
Кривична за гостиварец кој објавувал приватни фотографии со сексистички содржини од лажен профил
-
Три лица загинаа во тешка сообраќајка на автопатот Скопје - Тетово
-
ОЈО Битола доби нов Истражен центар за борба против најтешките и најсериозните облици на криминал
-
Николоски: Клучната разлика меѓу оваа и претходната влада е што сега се испорачуваат резултати, откочени се проектите од коридорите 8 и 10