Дипмоатско возило излета на Пресека пред Охрид
Возило со дипломатски регистарски таблици попладнево се излизгало кај планинскиот превој Пресека меѓу Охрид и Кичево.Од полицијата во Охрид за Алсат информираат дека за среќа предизвикана е само сообраќајна незгода без материјална штета.
Граѓани кои е движеле во правец на Кичево велат дека поради обилните врнежи се создала голема колона и оти чекале повеќе од еден час за да го продолжат патот.Снегот кој интезивно паѓа во Охрдско струшкиот регион предизвика и други проблеми.Има излизган камион на Македонија пат кај превојот Буково пред Ресен, како и неколку автомобили.Воведена е и забрана за движење на тешки товарни возила на Пресека и Буково.Полицијата има поставено и сообраќајни пунктови на излезите од Охрид во правец кон Ресен и Кичево.Од таму препорачуваат на пат да не се тргнува без некоја посебна потреба. И во близина на селото Косел кај Охрид попладнево лесно товарно возило изгубило контрола и излетало надвор од коловозот. Поради незгодата во која е предизвика материјална штета, сообраќајот на овој потег од патниот правец Охрид – Ресен се одвива отежнато.
Ново на Сител
-
Погребот на папата Франциск закажан за 26 април
-
Украина: Во текот на ноќта Русија лансираше 54 беспилотни летала, од кои 38 беа соборени
-
Мајка и ќерка се степале на регионалниот пат Кичево-Битола
-
Тешка сообраќајка на Пресека
-
Лидс и Барнли обезбедија пласман во Премиер лигата
-
Објавени првите фотографии од телото на папата Франциск
-
Зеленски: Украина останува на понудата да не напаѓа цивилна инфраструктура
-
Осми ден од блокадата на објекти на РТС