Половина од децата во светот искусиле некаков вид насилство
Половина од децата во светот искусиле физичко, психолошко или сексуално насилство. Насилството врз децата е глобален проблем присустен во сите земји, и кај богатите, но и кај сиромашните семејства. Затоа е потребно фокусирање на овој проблем, како и на проблемот со сиромаштија кај децата, и заедничка борба на граѓанскиот сектор, институциите и религиските заедници.
Ова е пораката што ја упатија дел од учесниците на денешната меѓународна конференција на тема „Крај на детската сиромаштија и насилството врз децата“ во организација на Првата детска амбасада во светот Меѓаши.
Според Фред Нијабера од Аригато интернационал од Најроби, Кенија, кој е и директор на Иницијативата за крај на детската сиромаштија, потребен е тристран пристап во справување со овие проблеми.
Прво, рече, треба да се види каде се пропустите и проблемите, потоа тие да бидат мотив за менување на политиките за решавање на проблемот, како и воспоставување социјални промени.
- Потребна е промена на политиките, но и промена на свеста, луѓето треба да размислуваат поинаку. Не е доволно само истражување, лоцирање на проблемите, и менување на политиките, туку треба да се организираме сите заедно да направиме нешто повеќе во сопствените организации и институции. Сите заедно може да ја намалиме или искорениме детската сиромаштија или насилството врз децата, рече тој.
Драги Змијанац директор на Меѓаши истакна дека е потребна мобилизација на јавноста, граѓанските организации, верските заедници и државата за сеопфатно справување со детската сиромаштија и насилството кои, како што рече, ги погодуваат децата во сите земји во светот.
- Вклучување на децата во образовниот систем со решавање на егзистенцијалните проблеми на нивните семејства и превенирање насилство за да нема трајни последици по психофизичкиот развој на децата, е еден од начините за справување со проблемите, рече Змијанац.
На дводневната конференција учествуваат учесници од 10 држави од Европа и преставници на Аригато интернационал од Кенија. Целта е да се разменат искуства и да се креираат и предложат решенија за справување со овие проблеми.
Ново на Сител
-
Осум осомничени за престрелката во Чаир, полицијата се уште трага по три лица
-
Анчелоти ќе го финализира договорот доколку Реал Мадрид ја освои Ла Лига или Лигата на шампионите
-
27-годишен излета со мотоцикл на патот кон Табановце, тешко е повреден
-
Инспекторите во Струмица вчера казнија три лица за согорување отпад од електрични кабли
-
Пожар избувна во хотел во Лондон, евакуирани 100 луѓе
-
Зеленски: Дојде време да се формираат „европски вооружени сили“
-
На граничниот премин „Блаце“ уапсен Косовец - го барале од Интерпол
-
51-годишен маж тешко повреден откако со возило излетал надвор од пат