Иванов: Неопходно е секој од нас да биде посветен на државата

Со внимание ги следам сите настани околу исполнувањата на политичкиот договор кој беше договорен од лидерите на најголемите политички партии и се надевам дека се ќе оди како што е предвидено и дека утрешната посета на Хан е само потврда дека стоиме до она што е договорено, за да можат сите политички актери да бидат одговорни за сето она што го презеле и да го реализираат. Затоа што роковите течат и договорот мора да се исполнува.
Ова го порача претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов во Кавадарци, запрашан да ја оцени политичката состојба во земјава и спроведувањето на договорот од Пржино во пресрет на утрешната посета на Хан во Македонија.
На прашањето како го оценува наредниот период, имајќи ја во предвид бегалската криза и она што се случуваше во Куманово, дали е оптимист за стабилизирање на состојбите, Иванов потсети на една своја изјава дека „Македонија е безбедна исто толку колку што се безбедни сите држави кои не опкружуваат”.
- Бегалската криза не е нешто што само нас не засега. Од Северна Африка и Блискиот Исток многу луѓе се во потрага по среќа. Тие луѓе бегаат затоа што немаат каде да се заслонат, немаат домови. Затоа и целиот континет, цела Европа е ангажирана, сите институции, да се излезе во пресрет на тие луѓе. Затоа што, да појдеме од нас, нема во нашите семејства некој што не бил бегалец или не дошол од друг простор да живее на овој простор. И ако кон нашите претци така се однесуваме, зошто кон бегалците да го немаме истото чувство, дека тие луѓе сакаат едноставно да се спасат од сите оние конфликти што постојат во местата од кои што доаѓаат, рече тој.
Иванов нагласи дека кризата веќе има судска завршница, случајот во Куманово обвинителите го истражија и во најскоро време тој ќе биде процесуиран во судот и ќе се знаат виновниците.
- Но, најважно е да се дознаат и мотивите. Да се дознае кој е оној кој го посакал тоа да ни се случи на сите нас кои живееме во Македонија. Но, таков е светот, гледате. Секоја вечер нешто се случува во светот. Останува ние да сме си посветени на државата, да си ја чуваме и секој од нас да придонесува кон стабилноста на државата, додаде Иванов.
Ново на Сител
-

Дмитриев: Решение за Украина може да се најде брзо ако се испочитуваат три прашања битни за Русија
-

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз
-

Мицкоски: Со поддршката од граѓаните ќе имаме убедлива победа во Демир Капија, за напредок и реализација на многу проекти
-

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина
-

Николоски од Росоман : Проширување на патот што го поврзува Росоман со новиот експресен пат, изградба на влезот во Сирково, поддршка за земјоделците
-

Ердоган: Ниедно политичко или безбедносно прашање не може да се решава без Турција
-

Кина го објави петгодишниот план пред најавената средба Си - Трамп: Справување со надворешните ризици, технолошка самостојност и раст на домашната побарувачка
-

Србија чува најмногу злато од државите од поранешна Југославија
