Биљал Касами реизбран на конгресот на БЕСА во Скопје
- Биљал Касами со поддршка од 455 делегати е реизбран за претседател на Движењето Беса, на конгресот на партијата во Скопје.
Конгресот го организираше едното крило на „БЕСА“, додека минатата недела на конгресот во Тетово на другото крило во партијата за лидер беше избран Африм Гаши.
По изборот, Касами ги нарече последните превирања во Беса, игри и тенденции за раскол во партијата и оцени дека крилото кое веќе јавно е против него, има цел да ја разори БЕСА, а не да ги победи политичките противници.
- Тука сме за да го артикулираме политичкиот глас. За правни прашања се занимаваат надлежните органи. И за ова прашање ќе се занимаваат правните институции. Не сакаме правните прашања да ги користиме за политички цели. Движењето Беса е едно. Има еден конгрес и денеска го избра првиот човек и партиските органи. Другиот дел е прашање на органите на редот, изјави Касами.
Прашан дали е подготвен да му се приклучи на парламентарното мнозинство, Касами рече дека моментално се дел од опозицијата и ако имаат понуда да бидат дел од Владата, секако дека ќе дискутираат.
Касами има поддршка од двајца пратеници во Парламентот, Фадил Зендели и Теута Биљали, додека другото крило ја има поддршката на Неџбедин Кахремани, Реџеп Мемеди и Африм Гаши.
Ново на Сител
-

Муцунски во Киев: Стоиме со Украина, таа е суверена држава и нејзиниот територијален интегритет мора да се почитува
-

Сител ТВ вработува новинар во веб редакција
-

Тројца полицајци пренесени на Клинички по тешка сообраќајка во Скопје
-

Македонскиот фолклор одекна во Бразил: „Малешевка“ и „Калајџиско“ на светската сцена во Нова Прата, настапите продолжуваат
-

Прва берба, прво меѓународно оценување и две злата за винаријата „Монтеко“ на престижниот „Мундус вини“ во Германија
-

Јаневска: МОН не доделило стипендија на синот на Милошоски
-

73-годишна жена фрлала дрва кон деца, ги бркала со остар предмет, па им ја дупнала топката во Кичево
-

Фалсификувал свидетелство за основно за да полага за возачка – кривична за 27-годишен кавадарчанец
