Промовирана публикацијата „Римски театар-Скупи“

Публикација „Римски театар - Скупи“ (истражувања 2013-2016) од група автори денеска беше промовирана во Музејот на Град Скопје. Издавањето е реализирано со финансиска поддршка на Министерството за култура и помогнато од Управата за заштита на културно наследство, Музејот на Град Скопје и Филозофскиот факултет.
Промоторот и рецензент, професорката Елица Манева истакна дека публикацијата е обемен, квалитетен и драгоцен придонес за археолошката наука, не само за македонската, туку и за регионалната и за пошироката научна мисла на оваа тема.
- За мене најнеочекувано и најретко археолошко откритие, не само во Скупи туку и во поширокиот регион, е средновековната метропола чии карактеристики ги обелодени Игор Кузмановски, рече Манева. Додаде дека веројатно уште многу долго ќе се расправа за постоењето бизарни погребни ритуали.
Деканот на Филозофскиот факултет во Скопје Ратко Дуев потенцира дека во истражувањата покрај стручна екипа од Музејот на Град Скопје биле вклучени професорите и 60 студенти од овој факултет.
- Ова е редок пример на публикација која се објавува веднаш по завршувањето на истражувањата и претставува плод на тимска работа, каде се вклучени повеќе стручни лица од различни профили-археолози, антрополози и нумизматичари, рече Дуев.
Ново на Сител
-

Запален автомобил кај Мавровка
-

Ангелов: Најкомплексен е пожарот кон НП „Пелистер“, нема повредени пожарникари
-

Македонскиот кугларски репрезентативец Стоклас постави Гинисов рекорд
-

ЈСП„Скопје“: Ќе се утврди причината за пожарот на автобусот, благодарност до возачот за брзата реакција
-

На ГП Табановце и ГП Блаце за излез од државата се чека до еден час
-

Општина Центар почна со расчистување диви депонии и наталожен отпад
-

Нема повредени во запалениот автобус на ЈСП „Скопје“ на Средно Водно, возачот спречил поголем пожар
-

Густ чад над Водно: Гори двокатен автобус
