Отркиена лабораторија за марихуана во Драч, запланети 700 килограми дрога

Полицијата од пристанишниот албански град Драч открила лабораторија за преработка и пакување на марихуана.
Во акцијата „Координати“ се уапсени седум лица и запленети 700 килограми марихуана, кои биле откриени во една вила.
- Станува збор за организирана криминална група, која марихуната ја набавувала во Тирана и Скадар, ја преработувала во Драч а потоа ја шверцувала надвор од земјата, главно во Италија, се наведува во полициското соопштение.
Според полицијата меѓу седумте уапсени, кои се на возраст од 25 до 61 година, има и тројца бизнисмени. По едно лице се уште се трага, додека на малолетник на возраст од 17 години ќе му се суди од слобода.
Претходно албанската полиција соопшти дека во јужниот дел на земјата запленила 3,2 тони дрога марихуана – канабис сатива. Дрогата е запленета во планината Курвелеш во близина на градот Ѓирокастро и истата била сокриена во специјално изградени скривалишта во наведената планина.
Полицијата соопшти дека трага по четири албански државјани кои ја огледувале дрогата на тешко достапни делови во Курвелеш.
Ново на Сител
-

Фајненшл Тајмс: Вашингтон ги предупреди европските сојузници да очекуваат сериозни доцнења во испораките на оружје од САД поради војната во Иран
-

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово
-

Трамп: Иранците бараат нешта со кои не можам да се согласам – или ќе ги збришеме, или ќе се договориме
-

Пентагон: САД ќе повлечат 5.000 војници од Германија
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Украинските власти тврдат дека не добиле официјален предлог за примирје за 9 мај
-

Трамп соопшти дека ќе ги зголеми царините за автомобили и камиони од ЕУ на 25 отсто
-

Белата куќа одби да го коментира новиот ирански предлог упатен до САД
