Откако целиот свет ја виде нејзината секс снимка, тинејџерката конечно се огласила за скандалот
Двајца вработени во еден продажен салон, биле снимени на камера како имаат секс на работно место. Сите детали во врска со овој настан кој привлече големо внимание на социјалните мрежи, сега полека излегуваат на виделина. Девојката вели дека се чувствува лошо поради партнерката на Невил, бидејќи била вмешана во цела оваа драма.
Кејтлин Кирби (19) и Невил Фокс (35) се снимени како имаат секс на работно место и тоа од страна на еден тинејџер. Меѓутоа оваа девојка изразила желба јавно да се огласи за овој ицнидент, откако за неа се зборувало дека расипува бракови, со оглед на тоа дека Невил е во долгогодишен брак со својата сопруга.
Таа за “The Sun” изјави дека во оваа авантура се впуштила после неколку недели флерт со Невил. Истакнала дека Невил ѝ рекол дека тој и неговата сопруга долго време се разведени.
-Сè се случи само од себе. Тој го направи првиот чекор, а јас се согласив и потполно изгубив контрола. Целиот свет погледна што се случи, вели таа.
Таа вели дека Невил е повозрасен и поискусен маж кој во оваа ситуација требало да постапи многу подобро, но од друга страна истакнува дека и таа требало да биде попаметна.
Кирби се изјаснала дека се чувствува особено лошо поради партнерката на Невил, бидејќи била вмешана во цела оваа драма. После случката, таа му се извинила и на компанијата во која работела од свои 16 години.
Секс снимката многу брзо се прошири на социјалните мрежи, а Кејтлин рекла дека еден ден дошла на работа и слушнала за гласините за нејзините “валкани игри” со Невил.
-На почетокот не знаев дали е вистина, сè додека не го погледнав видеото. Многу бев понижена, вели таа.
Кејтлин рекла дека после овој скандал сакала да избега во Бразил, додека нејзиното семејство било шокирано и ја нарекле “Ким Кардашијан од Норвич”.
Ново на Сител
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија