Собранието избра нови членови на Комисијата на Агенцијата за пошти
Собранието на Република Македонија, во рамки на 34. седница што ја почна денеска, донесе одлука за членови на Комисијата на Агенцијата за пошти да бидат именувани Благој Индов дипломиран декономист од Велес и Владимир Кировски дипломиран инжинер архитект од Скопје.
Индов и Кировски се именувани на местото на членовите на кои им истече петгодишниот мандат во Комисијата.
По нивниот избор, претседателот на Собранието Талат Џафери ги повика на координација пратениците и објави редовна пауза до 15 часот. Во меѓувреме треба да заседаваат надлежните комисии за седумте закони за кои се донесе одлука да се носат по скратена постапка во рамки на 34. седница. Се предлага, по скратена постапка да се носат измени на Изборниот законик, како и на законите за градење, за вработени во јавен сектор, за УЈП, за даночна постапка...
Дел од дневниот ред на 34. седница е и изборот на потпретседатели на Собранието, за што се предложени пратениците Фросина Ташевска Ременски од СДСМ, Горан Мисовски од НСДП и Весел Мемеди од коалицијата „Алијанса за Албанците“.
Во работата на Собранието од средината на декември лани не учествуваат пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, откако претходно на шестмина нејзини пратеници им беше определен притвор за случувањата во Парламентот од 27 април.
Ново на Сител
-
Од попладне нестабилно време со врнежи од дожд, грмежи и силен ветер над 60 km/h
-
Идната недела нов министер за здравство
-
Муцунски: Усвоени измените на Законот за надворешни работи
-
Трамп откри повеќе детали за американскиот систем за воздушна одбрана „Златна купола“
-
МВР со детали за сообраќајната несреќа на новиот експресен пат Прилеп - Градско
-
Црна Гора го одбележува Денот на независноста
-
Познати полуфиналните двојки во ракометниот Куп на Македонија
-
Тројца напаѓачи би можеле да го напуштат Ливерпул ова лето