Денеска ќе се знае чија одговорност е случајот со силуваното дете од „25 Мај“
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска најави дека денеска ќе се знае дали и кој ќе понесе одговорност за случајот со 13-годишното девојче, штитеник на Јавната установа за деца со воспитни и социјални проблеми „25 Мај“.
- Одговорност ќе има откако комисијата во понеделник ќе ги даде препораките и ќе постапи соодветно. Нема можност некој да се изземе од одговорност, рече Царовска во петокот во дебатната емисија Топ тема на ТВ Телма.
Најави дека ќе побара одговорност од лицата кои раководат со институцијата. Претодно истиот ден, Министерството организираше брифинг во врска со овој случај при што изрази сомневање дека најверојатно станува збор за сексуална експлоатација на девочјето од надворешни лица или дека тоа е жртва на трговија со луѓе. Во такви околности тоа забременило, по што со нејзина и со согласност на старателот и бил извршен абортус.
Секогаш во изјавите во полицијата давало различни искази од тоа дека одела со свој дечко, дека тој со кој заминало заедно заработувале, или пак дека без на согласност имала сексуални односи со други лица.
Девојчето во 2016 година, пред да биде сместено во институцијата било во пет згрижувачки семејства, но ниту во едно од нив не се прилагодило. На нејзините родители им било одеземено родителско право бидејќи ја терале да проси по улици. Тие имале и деца, кои починале како последица од конзумирање на дрога.
Решение за ваквите случаи сопред министерката Царовска е трансформацијата на овие гломазни институции во мали групни домови, во кои ранливите категории ќе имаат поголема и целодневна поддршка.
- Првите излегувања на деца од институции се предвидени за мај-јуни 2018. Специјализираните мали групни домови ќе се справуваат со оптоварени деца со социјален ризик. Се работи со посебни протоколи, со посебни специјализирани лица... Дел од луѓето се обучуваат во овој момент и се од вработените, а дел ќе бидат нови лица кои ќе се вработат, вели Царовска.
За случајот имаше многубројни реакции, меѓудругите и од Народниот правобранител, Првата амбасада во светот Меѓаши, и канцеларијата на УНИЦЕФ во Македонија.
Ново на Сител
-
Израел категорично го отфрла извештајот на агенцијата поддржана од ОН, кој потврдува масовен глад во дел од Газа
-
Кац: Градот Газа може да биде уништен и портите на пеколот ќе се отворат над Хамас
-
80-годишник дошол на преглед во болница, му се слошило и починал
-
Повредени две девојчиња на тротинет откако автомобил удрил во нив, сторителот избегал од местото на настанот
-
Две малолетнички починале откако со четирицикл излетле од патот во кичевски
-
ЦУК: Активни пожари во Прилеп и Долнени
-
Најсложена трансплантација на коска извршена на Клиниката за ортопедија
-
79-годишна тетовчанка измамена за 16.000 евра и 10.700 швајцарски франци